Компликации во естетската медицина при инјекционите техники на лицевата регија

Автори

  • Игор Пеев Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Скопје, Северна Македонија; Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6587

Клучни зборови:

инјекциони техники, естетска медицина, компликации, лицева регија, превенција

Апстракт

Вовед: Инјекционите техники во естетската медицина се меѓу најчестите процедури за корекција на фини линии, губење на волумен и контурирање на лицето. И покрај нивната популарност и безбедност, можат да се јават различни компликации.

Цел: Целта на ова истражување е да се идентификуваат и класифицираат најчестите компликации поврзани со инјекционите техники на лицевата регија и да се предложат мерки за нивно превенирање и менаџирање.

Содржина: Во предавањето ќе се анализираат компликации како едем, хематоми, асиметрија, инфективни реакции, некроза на ткиво и васкуларни инциденти. Посебен акцент ќе се стави на препознавање на ризични зони, правилна техника на инјектирање, избор на производ и правилно постапување при настанување на компликации.

Резултати и заклучок: Прецизното познавање на анатомските структури, примената на правилни техники и брзата интервенција овозможуваат намалување на ризикот од компликации и обезбедуваат безбеден и предвидлив естетски резултат.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Игор Пеев, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Скопје, Северна Македонија; Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Северна Македонија

Вонреден професор д-р Игор Пеев е вработен на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Северна Македонија. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година. Специјализацијата по општа хирургија ја завршил во 2010 година, а супспецијализацијата по пластична и реконструктивна хирургија во 2016 година. Докторската дисертација ја одбранил во 2018 година, со фокус на хируршки третман на липоми, а во 2025 година бил избран за вонреден професор. Д-р Пеев учествувал на стручни усовршувања во Европа и САД, допринел во национални проекти и е автор на бројни публикации. Настапувал на меѓународни конгреси како поканет предавач. Активно учествува во наставата на студенти по медицина и стоматологија и менторира хируршки специјализанти. Член е на домашни и меѓународни стручни здруженија и е претседател на Здружението за естетска медицина, организирајќи повеќе симпозиуми.

 

Објавено

2025-11-20

Како да се цитира

Пеев, И. (2025). Компликации во естетската медицина при инјекционите техники на лицевата регија. Македонско медицинско електронско списание, 5(MIT-FDM2025), 33–34. https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6587