Реанимација и ургентни состојби во дентална медицина

Автори

  • Жаклина Менчева ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Клиника за орална хирургија и имплантологија - Скопје, РС Македонија; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, РС Македонија
  • Силвана Кралева Одделение за анестезиологија и интензивна нега, ГОБ „8 Септември“, Скопје, Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6883

Клучни зборови:

ургентни состојби, стоматолошка пракса, безбедност на пациентот, Basic Life Support (BLS), синкопа, анафилакса, хипогликемија, симулациска обука, итни интервенции

Апстракт

ВОВЕД: Ургентните и потенцијално животозагрозувачки состојби можат да се појават ненадејно и во секојдневната стоматолошка пракса. Навременото препознавање на состојбата, правилната иницијална проценка и брзото и организирано реагирање се од суштинско значење за безбедноста на пациентот. Целта на работилницата е преку интерактивен и симулациски пристап да им овозможи на стоматолозите да ги унапредат своите знаења, практични вештини и подготвеност за справување со итни состојби во стоматолошката ординација.

ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ: Во теоретскиот дел ќе бидат презентирани основите на проценката и иницијалното менаџирање на пациентот во ургентни состојби, со посебен осврт на препознавањето и постапувањето при синкопа, анафилакса и хипогликемија. Ќе бидат разгледани современите алгоритми за Basic Life Support (BLS), принципите на навремено активирање на итната медицинска помош и правилната организација и координација на стоматолошкиот тим при итни ситуации.

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ: Практичниот дел е насочен кон стекнување и унапредување на конкретни клинички вештини преку демонстрации, работа на модели и симулатори, интерактивни вежби во мали групи и реалистични клинички сценарија. Учесниците ќе практикуваат брза клиничка проценка, примена на BLS алгоритми, воспоставување периферен венски пристап, венепункција на модели, апликација на интрамускулна терапија и изведување основни итни интервенции во симулирани клинички услови. Посебен акцент ќе биде ставен на тимската работа, комуникацијата и донесувањето брзи и соодветни клинички одлуки.

ЗАКЛУЧОК: Интегрирањето на теоретското знаење со практична обука и симулација овозможува стоматолозите да развијат поголема сигурност и подготвеност за реагирање во ургентни ситуации. Стекнувањето на практични вештини за навремено препознавање и иницијално менаџирање на итните состојби придонесува кон поголема безбедност на пациентите и повисоко ниво на професионална подготвеност во секојдневната стоматолошка пракса.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографии на авторите

Жаклина Менчева, ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Клиника за орална хирургија и имплантологија - Скопје, РС Македонија; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, РС Македонија

mceclip0-a9c46951f325332e4e015c0f03d97983.png

Прим. доц. д-р сци. Жаклина Менчева е родена во Скопје, Северна Македонија. Дипломирала на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во 1998 година, а од 2000 година работи на Клиниката за орална хирургија при ЈЗУ УСКЦ „Св. Пантелејмон“. Специјализацијата по орална хирургија ја завршува во периодот 2003–2005, а во 2012 година ја одбранила магистерската теза посветена на хируршки техники при импактирани мандибуларни молари. Во 2019 година се стекнува со звањето Примариус, а во 2022 година ја брани докторската дисертација за хируршки методи во третманот на мекоткивни дефекти во оралната хирургија. Таа е автор и коавтор на над 50 научни и стручни трудови, активен учесник на конгреси и симпозиуми и од 2014 година е лиценциран едукатор на специјализанти. Член е на повеќе професионални здруженија, меѓу кои Стоматолошката комора на Македонија и Европската асоцијација за дентална имплантологија.

Силвана Кралева, Одделение за анестезиологија и интензивна нега, ГОБ „8 Септември“, Скопје, Северна Македонија

mceclip1-e8f7fe35d0f31afaeaef54a49a655e68.png

Д-р Силвана Кралева, специјалист по анестезиологија со реанимација и доктор на медицински науки, дипломирала општа медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1997 година, а специјализацијата по анестезија и реанимација ја завршила во 2006 година.

Од 2011 година работи како специјалист анестезиолог во ГОБ „8 Септември“ – Скопје. Во текот на својата професионална кариера работела и во Општата болница во Велес, како и во Al Sabah and Zein Hospital во Кувајт, каде што била ангажирана како специјалист анестезиолог – Senior Registrar.

Во 2020 година се стекнала со научен степен доктор на медицински науки по завршување на докторските студии по клиничка медицина на Медицинскиот факултет при УКИМ. Дополнително, има реализирано стручни обуки во областа на периферните нервни блокови на Клиничкиот центар во Љубљана, како и меѓународна обука во рамките на Salzburg Weill Cornell Seminar по анестезиологија и интензивно лекување, организиран од The Open Medical Institute, Weill Cornell Medicine и Medical University of Vienna.

Во текот на својата кариера има учествувано на бројни семинари, конференции, симпозиуми и конгреси во земјата и во странство, со особен интерес за анестезиологијата, интензивното лекување и ургентните состојби.

Објавено

2026-09-25

Како да се цитира

Менчева, Ж., & Кралева, С. (2026). Реанимација и ургентни состојби во дентална медицина. Македонско медицинско електронско списание, 6(MIT-FDM2026), 29–30. https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6883

Слични трудови

<< < 1 2 3 4 5 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.