Хируршка асистенција во дентална имплантологија

Автори

  • Буњамин Џафери ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Клиника за орална хирургија и имплантологија - Скопје, РС Македонија; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, РС Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6885

Клучни зборови:

дентална имплантологија, хируршка асистенција, дентален асистент, имплантолошки инструменти, хируршки протоколи, имплантолошка хирургија, тимска работа, фантомски модели, клиничка пракса

Апстракт

ВОВЕД: Денталната имплантологија претставува комплексна клиничка област во која успешната имплантолошка интервенција зависи не само од стручноста на операторот, туку и од добро координираната работа на целиот имплантолошки тим. Денталниот асистент има значајна улога во подготовката на пациентот, организирањето на оперативното поле, правилното ракување со инструментите и обезбедувањето непречен тек на хируршката процедура. Целта на работилницата е да ги запознае денталните асистенти со основните принципи, инструменти, материјали и протоколи за асистирање при имплантолошки хируршки интервенции.

ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ: Во теоретскиот дел ќе бидат обработени улогата и одговорностите на денталниот асистент како интегрален член на имплантолошкиот тим, како и подготовката и организацијата пред имплантолошка интервенција. Ќе бидат разгледани основите на планирањето на процедурата, радиолошката и хируршката подготовка, подготовката на пациентот и оперативното поле, како и имплантолошките и хируршките инструменти и нивната правилна употреба. Посебно внимание ќе биде посветено на хронологијата на имплантолошката процедура, асептичните принципи, организацијата на инструментариумот и координацијата помеѓу операторот и асистентот во текот на интервенцијата.

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ: Практичниот дел е насочен кон стекнување конкретни практични вештини за асистирање при имплантолошки интервенции. Учесниците ќе работат на фантомски модели, каде што ќе се запознаат со подготовката и распоредот на инструментите, асистирањето при различни фази од имплантолошката процедура и правилното ракување со материјалите и инструментите. Во рамките на практичната обука ќе бидат демонстрирани и симулирани реални клинички ситуации, со можност за работа во реално време со пациенти под водство на искусни експерти. Посебен акцент ќе биде ставен на тимската работа, ефикасната комуникација и навременото предвидување на потребите на операторот за време на хируршката интервенција.

ЗАКЛУЧОК: Соодветно обучениот дентален асистент претставува значаен фактор за безбедно, организирано и ефикасно спроведување на имплантолошката интервенција. Комбинацијата на теоретско знаење, практична обука и симулација овозможува стекнување на сигурност и компетенции за активно учество во имплантолошкиот тим. Работилницата има за цел стекнатите знаења и вештини да можат непосредно да се применат во секојдневната клиничка пракса, придонесувајќи кон подобра организација, ефикасност и безбедност при имплантолошките процедури.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Буњамин Џафери, ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Клиника за орална хирургија и имплантологија - Скопје, РС Македонија; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, РС Македонија

Доц. Др. Буњамин Џафери е роден во Скопје. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2007 год. Во 2013 година ја завршува специјализацијата по орална хирургија, добивајќи го звањето специјалист по орална хирургија. Докторските студии ги завршува во 2023 година со тема „Клиничка и радиолошка анализа на автологен дентински графт во презервација на алвеоларен гребен“, студиска програма Имплантологија. Основач на Поликлиника ЕМ-ДЕНТ – Скопје додека од 2019 година е вработен на Стоматолошкиот Клинички Центар „Св. Пантелејмон“ во Одделот за Орална Хирургија и Имплантологија. Од 2023 година е назначен за доцент на МИТ Универзитет – Скопје, при Факултетот за Дентална медицина. Активно учестувал на повеќе меѓународни конгреси, работилници за различни имплантни системи и курсеви за аугментација на алвеоларниот гребен со различни коскени графтови. Автор е на повеќе научни трудови, објавени во спасанија со меѓународен карактер.

Објавено

2026-09-25

Како да се цитира

Џафери, Б. (2026). Хируршка асистенција во дентална имплантологија. Македонско медицинско електронско списание, 6(MIT-FDM2026), 31–32. https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6885

Слични трудови

<< < 1 2 3 4 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.