Птеригоидни дентални импланти и избор на анестезија

Автори

  • Силвана Кралева Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет – Скопје, Скопје, Република Северна Македонија; ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“, Оддел за Анестезија, реанимација и интензивно лекување, Скопје, Република Северна Македонија.

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6895

Клучни зборови:

птеригоидни импланти, дентална имплантологија, локална анестезија, интравенска седација, општа анестезија, динамичка навигација

Апстракт

ВОВЕД: Поставувањето птеригоидни дентални импланти претставува современа терапевтска опција кај пациенти со изразена коскена атрофија или неповолни анатомски услови во задниот дел на горната вилица, кај кои конвенционалните имплантолошки постапки може да бидат ограничени. Техниката овозможува искористување на достапната коскена поддршка во птеригоидниот регион, со што може да се избегнат опсежни процедури за аугментација на коската. Примената на динамички навигациски системи овозможува попрецизно планирање и насочување на хируршката интервенција.

ЦЕЛ: Целта на предавањето е да се прикажат можностите за анестезиолошко обезбедување при поставување птеригоидни импланти и да се разгледа изборот на најсоодветниот тип анестезија во зависност од сложеноста на интервенцијата, клиничката состојба и индивидуалните потреби на пациентот.

СОДРЖИНА НА ПРЕДАВАЊЕТО: Ќе бидат разгледани три основни пристапи кон анестезиолошкото обезбедување. Локалната анестезија најчесто е доволна за стандардни имплантолошки интервенции и овозможува пациентот да биде свесен и да соработува со хирургот. Комбинацијата на локална анестезија со интравенска седација претставува соодветна опција кај посложени интервенции и пациенти со изразена анксиозност, овозможувајќи намалување на стресот и подобрување на комфорот, при внимателно следење на виталните параметри. Општата анестезија се применува поретко, главно при обемни реконструктивни хируршки зафати, сложени анатомски состојби или специфични индикации. Посебно внимание ќе биде посветено на улогата на динамичката навигација и нејзиното значење за хируршката прецизност и предвидливоста на интервенцијата.

ЗАКЛУЧОК: Изборот на анестезија при поставување птеригоидни импланти треба да биде индивидуализиран и да се заснова на обемот и сложеноста на хируршката интервенција, здравствената состојба и потребите на пациентот. Локалната анестезија е соодветна за голем број стандардни случаи, додека нејзината комбинација со интравенска седација може да обезбеди поголем комфор кај одредени пациенти и посложени интервенции. Општата анестезија останува опција за случаи со пошироки хируршки индикации.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Силвана Кралева , Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет – Скопје, Скопје, Република Северна Македонија; ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“, Оддел за Анестезија, реанимација и интензивно лекување, Скопје, Република Северна Македонија.

mceclip1-c609cd19cf80f350d6ece1ecebe252c2.png

Доц. д-р Силвана Кралева е специјалист по анестезиологија и реаниматологија со 30-годишно клиничко и професионално искуство. Од 2011 година работи во ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје, каде ја извршува функцијата раководител на Одделот за реанимација. Истовремено, е доцент на Факултетот за дентална медицина при МИТ Универзитет – Скопје. Своето стручно усовршување го надградувала преку стручни престои во реномирани медицински центри во Словенија, Република Кина и Кувајт. Автор и коавтор е на бројни научни трудови и активно учествува на национални и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни собири. Нејзините професионални и научноистражувачки интереси опфаќаат анестезиологија, реанимација, интензивно лекување и унапредување на современите клинички практики.

Преземања

Објавено

2026-11-26

Како да се цитира

Кралева , С. (2026). Птеригоидни дентални импланти и избор на анестезија. Македонско медицинско електронско списание, 6(MIT-NPI2026), 13–14. https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6895

Издание

Секција

Стоматологија

Категории

Слични трудови

<< < 1 2 3 4 5 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.