Птеригоидни импланти како алтернатива за коскена и мекоткивна аугментација

Автори

  • Жаклина Менчева Клиника за орална хирургија, ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Скопје; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, Република Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6899

Клучни зборови:

птеригоидни импланти, атрофија на максила, коскена аугментација, птеригоиден регион, CBCT, непосредно оптоварување

Апстракт

ВОВЕД: Птеригоидните импланти претставуваат специфичен терапевтски пристап во имплантопротетичката рехабилитација на пациенти со изразена атрофија на задната максила. Се поставуваат во задниот максиларен регион, со постигнување ангажман во птеригоидниот регион, вклучувајќи ги птеригоидните плочки на сфеноидната коска и пирамидалниот процес на палатинската коска. Нивната примена овозможува искористување на достапната анатомска коска и, кај соодветно селектирани пациенти, избегнување или намалување на потребата од обемни коскени аугментативни процедури.

ЦЕЛ: Да се прикаже клиничкото значење на птеригоидните импланти како алтернативно решение за рехабилитација на атрофичната задна максила, со посебен осврт на можностите за избегнување на комплексни коскени аугментации и подобрување на предвидливоста на имплантопротетичкиот третман.

СОДРЖИНА НА ПРЕДАВАЊЕТО: Предавањето ќе ги опфати анатомските и биомеханичките карактеристики на птеригоидниот регион, индикациите и контраиндикациите за поставување птеригоидни импланти, како и нивната улога во рехабилитацијата на пациенти со изразена атрофија на задната максила. Ќе бидат разгледани современите дијагностички и планирачки протоколи, особено примената на конусно-зрачната компјутерска томографија (CBCT), хируршките аспекти, можните компликации и критериумите за долгорочен успех. Посебно внимание ќе се посвети на клиничките докази за преживување и стабилност на птеригоидните импланти, како и на нивната примена во протоколи за непосредно оптоварување.

ЗАКЛУЧОК: Птеригоидните импланти претставуваат значајна алтернативна терапевтска опција кај внимателно селектирани пациенти со атрофија на задната максила. Со правилна предоперативна процена, CBCT-планирање и соодветна хируршка техника, тие можат да ја намалат потребата од сложени аугментативни процедури и да овозможат функционална имплантопротетичка рехабилитација со предвидливи долгорочни резултати.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Жаклина Менчева, Клиника за орална хирургија, ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Скопје; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, Република Северна Македонија

mceclip1-f9b7b7b1b2896a042a99543e18d76ac9.png

Примариус доц. д-р Жаклина Менчева, PhD е специјалист по орална хирургија и доктор на стоматолошки науки. Дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1998 година, а од 2000 година работи на Клиниката за орална хирургија при ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје. Специјализацијата по орална хирургија ја завршила во 2005 година, магистерските студии во 2012 година, а во 2022 година се стекнала со титулата доктор на стоматолошки науки. Во 2019 година го добила звањето примариус.

Автор и коавтор е на околу 80 научни и стручни трудови презентирани на домашни и меѓународни научни собири. Активно учествува во стручна едукација и усовршување, а во 2017 година го организирала и одржала првиот македонски курс по пародонтална хирургија. До денес реализирани се шест работилници во оваа област, насочени кон едукација и обука на млади стоматолози. Член е на Европската асоцијација за дентална имплантологија (EDI) од 2019 година. Од ноември 2023 година е доцент на Факултетот за дентална медицина при МИТ Универзитет, каде што ја извршува и функцијата продекан за настава.

Преземања

Објавено

2026-11-26

Како да се цитира

Менчева, Ж. (2026). Птеригоидни импланти како алтернатива за коскена и мекоткивна аугментација. Македонско медицинско електронско списание, 6(MIT-NPI2026), 31–32. https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6899

Издание

Секција

Стоматологија

Категории

Слични трудови

<< < 1 2 3 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.