Дисфагија како рана презентација на Di George синдром- приказ на случај

Автори

  • Снежана Палчевска Клиничка болница Аџибадем Систина, Скопје, Република Северна Македонија
  • Ѓуркова Универзитетска Клиника за детски болести, Скопје, Република Северна Македонија
  • Шукарова Универзитетска Клиника за детски болести, Скопје, Република Северна Македонија
  • Ставриќ Универзитетска Клиника за детски болести, Скопје, Република Северна Македонија
  • Јовановска Универзитетска Клиника за детски болести, Скопје, Република Северна Македонија
  • Natasha Универзитетска Клиника за детски болести, Скопје, Република Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/aph.2021.5767

Клучни зборови:

Синдром на DiGeorge, дисфагија, аберантна артерија субклавија, новородено

Апстракт

DiGeorge Синдромот е резултат на делеција на 22q11.2 која води до пореметена ембриогенеза на фарингеалните лаци и се манифестира со различни знаци и симптоми. Спектарот на аномалии во овој синдром е варијабилен и може да се презентира само со минорна лицева дизморфија и расцеп на непцето но и со широк спектар на кардиоваскуларни аномалии, дисфункција на тимус и имун дефицит, хипокалцемија поради хипопаратироидизам, пореметување во растот и развојот и проблеми во говорот. Кардиоваскуларните аномалии може да се од типот на десен аортен лак, аберантни крвни садови и васкуларен ринг. Во овој приказ на случај прикажуваме атипичен случај на парцијален синдром на DiGeorge кој се презентираше со потешкотии во голтање и ларингеален стридор во неонаталниот период. Раната презентација на овој синдром во неонаталната возраст најчесто се дијагностицира со хипокалцемија и конгенитална кардиопатија. Потребна е добра клиничка проценка за да се разликува проблем при хранење на прематурно новородено од другите проблеми при голтање. Езофагограмот покажа коса импресија на антеро-постериорниот правец со ориентација кон десно суспектна за субстеноза на езофагусот на опишаното ниво од васкуларна етиологија, аберантна десна артерија субклавија и суспектна  хипоплазија на тимус. Пациентот беше следен во период од 9 години од тим на субспецијалисти. Во тој период имаше две хируршки интервенции (корекција на аберантен крвен сад и велофарингеален дефицит). Пациентите со синдром на DiGeorge треба да бидат следени  од мултидисциплинарен тим кој вклучува кардиолог, имунолог, генетичар, ендокринолог, логопед и други субспецијалисти според фенотипот на пациентот.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Објавено

2021-06-20

Како да се цитира

1.
Палчевска С, Ѓуркова Б, Шукарова Е, Ставриќ К, Јовановска Ј, Natasha. Дисфагија како рана презентација на Di George синдром- приказ на случај. Arch Pub Health [Internet]. 2021 Jun. 20 [cited 2026 Nov. 21];13(1):103-8. Available from: https://journals.mk/index.php/aph/article/view/5767

Издание

Секција

Приказ на случај