За списанието

Македонски хералд е двојазичен гласник на Македонското грбословно друштво (Македонското хералдичко здружение) на македонски и англиски јазик. 

Опсегот на гласникот е хералдика, вексилологија, фалеристика, амблематика и сродни дисциплини.

Статиите се со отворен пристап и кератив комонс: Наведи извор- Некомерцијално-сподели под исти услови (CC BY-NC-SA 4.0)

Нема трошоци за обработка на статии

Историјат

Првиот број е објавен во 2005 година на 16 црно-бели страници, умножени на фотокопир, Следните броеви излегоа на 2007 година на 16 страници во 2009 година на 28 страници, со минимален број страници во боја. Потоа почна редовно да излегува секоја година. До десеттиот број, во 2016 година, статиите не беа рецензирани и многу од нив беа информативни. Журналот се дистрибуираше во печатена и дигитална форма.

Од број 11 (2018) „Македонски хералд“ од информативен весник, стана рецензирано списание со меѓународен уредувачки одбор користејќи го системот Open Journal System, каде што се вршат двојни слепи рецензии. Понекогаш се објавуваат и не рецензирани статии во соодветна рубрика. Секоја статија има DOI број и е поврзана со ORCID на авторот. Само поважните статии од броевите 1-10 добија DOI-броеви.

„Македонски хералд“ е слободно достапен на веб-страницата на МГД. Дигитално во боја се печатат само минимален број примероци, главно за главните библиотеки, за авторите и за армигерите чиј грб е објавен во даден број и за размена со најблиските хералдички друштва.

До бројот 22 (2024) се објавува двапати годишно, обично со 4-5 статии, кои се со должина од 11 до 23 страници. Во секој број се објавени активностите на Македонското грбословно друштво, како и новите грбови заведени во Македонскиот хералдички регистар

Од 2025 година статиите се објавуваат редовно а на 15 декември се собираат во годишен том.

Тековно издание

Том. 26 (2026): Македонски хералд (Пред објавување=
Види ги сите изданија

Статиите се објавуваат кога ќе бидат готови.