Хируршка и топографска анатомија на птеригомаксиларниот простор – клиничко значење во денталната имплантологија

Автори

  • Данчо Бизевски Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет – Скопје, Скопје, Република Северна Македонија; Нова Дентал Хирургија, Скопје, Република Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6891

Клучни зборови:

птеригомаксиларен простор, птеригопалатинска јама, птеригомаксиларна фисура, птеригомаксиларни импланти, хируршка анатомија, CBCT

Апстракт

ВОВЕД: Птеригомаксиларниот простор претставува комплексна анатомска регија со значајна улога во оралната и максилофацијалната хирургија, особено при имплантолошка рехабилитација на атрофичната задна максила. Неговата анатомска комплексност произлегува од непосредната поврзаност со инфратемпоралната јама, птеригопалатинската јама, носната празнина и орбитата.

ЦЕЛ: Целта на предавањето е да се прикаже хируршката и топографската анатомија на птеригомаксиларниот регион и да се истакне нејзиното клиничко значење за безбедноста, предвидливоста и успешноста на современата дентална имплантологија.

СОДРЖИНА НА ПРЕДАВАЊЕТО: Во предавањето ќе бидат разгледани топографските граници и анатомските односи на птеригомаксиларниот регион, со посебен осврт на неговата комуникација со инфратемпоралната и птеригопалатинската јама. Ќе бидат прикажани значајните невроваскуларни структури во оваа регија, вклучувајќи ги терминалните гранки на максиларната артерија, максиларниот нерв (V2), птеригопалатинскиот ганглион и придружните венски структури. Посебно внимание ќе биде посветено на клиничкото значење на овие анатомски односи при планирањето и поставувањето птеригомаксиларни импланти кај пациенти со изразена коскена атрофија. Ќе биде истакната и улогата на предоперативната тридимензионална радиолошка анализа, особено компјутеризираната томографија со конусен зрак (CBCT), во процената на анатомските варијации, достапниот коскен волумен и односите со околните структури.

ЗАКЛУЧОК: Деталното познавање на хируршката и топографската анатомија на птеригомаксиларниот регион, во комбинација со прецизна предоперативна радиолошка анализа, е од суштинско значење за правилно планирање и безбедно изведување на птеригомаксиларната имплантација. Индивидуалниот анатомски пристап придонесува за намалување на оперативните ризици и постигнување попредвидливи клинички резултати.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Данчо Бизевски, Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет – Скопје, Скопје, Република Северна Македонија; Нова Дентал Хирургија, Скопје, Република Северна Македонија

mceclip1-9ad3e08ea690b660f85d31f8ab8771ca.png

Прим. доц. д-р сци. Данчo Бизевски е доктор по стоматолошки науки и специјалист по орална хирургија. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2004 година. Професионалната кариера ја започнува во Одделението за орална и максилофацијална хирургија при Воената болница во Скопје, каде работи до 2010 година. Од 2011 година е дел од приватната здравствена установа „Нова Дентал Хирургија“ – Скопје, со фокус на орална хирургија и имплантологија. Специјализацијата по орална хирургија ја завршува во 2012 година, а докторските студии ги завршува во 2023 година со истражување за клиничка и компјутерска евалуација на вестибуларната коскена ламина во естетската зона. Во истата година се стекнува со звањето Примариус и е избран за доцент на Факултетот за дентална медицина при МИТ Универзитет – Скопје. Од 2025 година е продекан за наука и раководител на специјалистичките студии по имплантологија. Автор е на бројни трудови, активно учествува на домашни и меѓународни професионални настани и член е на повеќе стручни асоцијации во областа на стоматологијата и имплантологијата.

Преземања

Објавено

2026-11-26

Како да се цитира

Бизевски, Д. (2026). Хируршка и топографска анатомија на птеригомаксиларниот простор – клиничко значење во денталната имплантологија . Македонско медицинско електронско списание, 6(MIT-NPI2026), 9–10. https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6891

Издание

Секција

Стоматологија

Категории

Слични трудови

1 2 3 4 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.