Дигитален асистент на стоматолошката столица: Како вештачката интелигенција го олеснува решавањето на сложени случаи

Автори

  • Филип Тантуровски Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, РС Македонија; Клиничка болница „Жан Митрев“, Оддел за стоматолошка протетика, Скопје, РС Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6901

Клучни зборови:

вештачка интелигенција, дигитална стоматологија, навигирана имплантација, дигитално планирање, CBCT, интердисциплинарен пристап

Апстракт

ВОВЕД: Дигиталната трансформација на современата стоматологија, особено на оралната имплантологија, овозможува примена на напредни технологии за дијагностика, планирање и изведување на сложени клинички процедури. Вештачката интелигенција, дигиталното планирање и компјутерски асистираната навигирана имплантација претставуваат алатки што можат да ја подобрат прецизноста и предвидливоста на терапијата. Сепак, нивната примена отвора прашања поврзани со точноста, ограничувањата на системите и неопходноста од соодветна клиничка процена.

ЦЕЛ: Да се прикажат реалните клинички можности и ограничувања на вештачката интелигенција и навигираната имплантација во решавањето на сложени стоматолошки случаи, со посебен осврт на нивната улога во поддршката на клиничкото одлучување и интердисциплинарното планирање на терапијата.

СОДРЖИНА НА ПРЕДАВАЊЕТО: Предавањето ќе ги опфати принципите на дигиталното планирање и навигираната имплантација, како и факторите што влијаат врз усогласеноста на виртуелно планираната и реално постигнатата тридимензионална позиција на имплантот. Ќе бидат разгледани значењето на квалитетот на CBCT-снимките, стабилноста и калибрацијата на навигациските системи и искуството на операторот. Посебно внимание ќе се посвети на ограничувањата на флаплес-хируршкиот пристап, можните анатомски варијации, критичката процена на податоците од дигиталните бази и ризиците од некритичко потпирање на софтверските решенија. Ќе се дискутираат и предизвиците поврзани со временското усогласување на хируршката и протетската фаза, промените во меките ткива и индивидуалните оклузални и мандибуларни движења при дигиталното протетско планирање. Ќе биде истакната важноста на соработката меѓу хирургот, протетичарот, радиологот и забниот техничар.

ЗАКЛУЧОК: Вештачката интелигенција и навигираната имплантација можат значително да го поддржат планирањето и изведувањето на сложени стоматолошки интервенции, но не ја заменуваат клиничката процена, хируршкото искуство и индивидуалниот пристап кон пациентот. Предвидливиот терапевтски исход зависи од правилната селекција на пациентите, јасно дефинираните индикации, познавањето на ограничувањата на дигиталните системи и координираната интердисциплинарна соработка. Дигиталната технологија треба да биде асистент во клиничката пракса, а не замена за професионалното одлучување.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Филип Тантуровски, Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, РС Македонија; Клиничка болница „Жан Митрев“, Оддел за стоматолошка протетика, Скопје, РС Македонија

mceclip1-4006e402af478684bd7d10c2c40069b1.png

Доц. д-р. Филип Тантуровски е доктор по стоматолошки науки и специјалист по стоматолошка протетика. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2012 година. Во учебната 2012/2013 година се запишува на Втор циклус студии на истиот факултет, а во 2014 година успешно ја одбрани магистерската теза во областа на стоматолошката протетика. Понатаму, продолжува на докторски студии, кои ги завршува во 2022 година со докторска дисертација на тема насочена кон процена на респираторниот капацитет кај корисници на тотални протези, стекнувајќи го академското звање доктор по стоматолошки науки. Д-р Тантуровски редовно учествува на стоматолошки конгреси и симпозиуми и е автор и коавтор на повеќе научни трудови и публикации. Во моментов е вработен како специјалист по стоматолошка протетика во Клиничката болница „Жан Митрев“ и е активен професор на Катедрата за стоматолошка протетика при МИТ Универзитетот во Скопје.

Преземања

Објавено

2026-11-26

Како да се цитира

Тантуровски, Ф. (2026). Дигитален асистент на стоматолошката столица: Како вештачката интелигенција го олеснува решавањето на сложени случаи. Македонско медицинско електронско списание, 6(MIT-NPI2026), 33–34. https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6901

Издание

Секција

Стоматологија

Категории

Слични трудови

1 2 3 4 5 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.