Протокол на добивање и клиничка употреба на автологен дентински графт- AMDG (минерализиран) и DDM (деминерализиран) во презервација на алвеоларен гребен ARP

Автори

  • Буњамин Џафери ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Клиника за орална хирургија и имплантологија - Скопје, РС Македонија; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, РС Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6579

Клучни зборови:

Автологен дентински графт (AMDG), Деминерализиран дентински графт (DDM), Презервација на алвеоларен гребен (ARP), Smart Dentin Grinder (SDG), Коскена регенерација, Алвеоларна аугментација

Апстракт

Вовед: Работилницата има за цел да обезбеди теоретска и практична основа за протоколот на добивање и клиничката употреба на автологен дентински графт – минерализиран (AMDG) и деминерализиран (DDM) во презервација на алвеоларен гребен (ARP). Акцентот е ставен на класификацијата на дентинските графтови, карактеристиките на AMDG и прикажување на клинички случаи.

Теоретски дел: Се разгледува дефиницијата и клиничката употреба на дентински графт, класификацијата на графтовите (AMDG, PPDM, DDM) и нивните биохемиски и регенеративни својства.

Практичен дел: Учесниците ќе ја усовршуваат техниката за добивање на AMDG според протоколот на Itzhak Binderman со користење на SDG апарат, како и добивање на DDM и PPDM. Графтот се аплицира во коскената регија на фантомски модели и вилици од животинско потекло (свињи, овци). Целата процедура вклучува подготовка на забот, мелење со Smart Dentin Grinder, сортирање и хемиска обработка со Dentin Cleanser и PBS раствор за обезбедување стерилен графт спремен за апликација.

Заклучок: Работилницата овозможува стекнување на теоретски знаења и практични вештини за примена на AMDG и DDM во алвеоларната регенерација, обезбедувајќи сигурен и биохемиски активен графт за коскени аугментации и презервација на алвеоларен гребен.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Буњамин Џафери, ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Клиника за орална хирургија и имплантологија - Скопје, РС Македонија; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, РС Македонија

Доц. Др. Буњамин Џафери е роден во Скопје. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2007 год. Во 2013 година ја завршува специјализацијата по орална хирургија, добивајќи го звањето специјалист по орална хирургија. Докторските студии ги завршува во 2023 година со тема „Клиничка и радиолошка анализа на автологен дентински графт во презервација на алвеоларен гребен“, студиска програма Имплантологија. Основач на Поликлиника ЕМ-ДЕНТ – Скопје додека од 2019 година е вработен на Стоматолошкиот Клинички Центар „Св. Пантелејмон“ во Одделот за Орална Хирургија и Имплантологија. Од 2023 година е назначен за доцент на МИТ Универзитет – Скопје, при Факултетот за Дентална медицина. Активно учестувал на повеќе меѓународни конгреси, работилници за различни имплантни системи и курсеви за аугментација на алвеоларниот гребен со различни коскени графтови. Автор е на повеќе научни трудови, објавени во спасанија со меѓународен карактер.

Објавено

2025-11-20

Како да се цитира

Џафери, Б. (2025). Протокол на добивање и клиничка употреба на автологен дентински графт- AMDG (минерализиран) и DDM (деминерализиран) во презервација на алвеоларен гребен ARP. Македонско медицинско електронско списание, 5(MIT-FDM2025), 17–18. https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6579

Слични трудови

1 2 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.