Имплантопротетски процедури кај пациенти со тотална беззабост
ДОИ:
https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6580Клучни зборови:
Имплантопротетика, Тотална беззабост, Мултијунит абатменти, Отворена лажица, Дигитален интраорален скенер, ОтпечатоциАпстракт
Вовед: Работилницата има за цел да обезбеди теоретска и практична основа за современите имплантопротетски процедури кај пациенти со тотална беззабост. Фокусот е ставен на хируршкиот и протетскиот протокол за поставување на импланти, избор и монтирање на мултијунит абатменти, како и споредба на класичните и дигиталните техники за земање отпечатоци.
Теоретски дел: Во теоретскиот сегмент се разгледуваат основните принципи на имплантологија, важноста и функцијата на мултијунит абатментите, како и деталите за класичната техника со отворена лажица и дигиталната техника со интраорален скенер за земање отпечатоци. Посебен акцент се става на прецизноста и репродуктивноста на техниките, како и на предностите и ограничувањата на секоја од нив.
Практичен дел: Учесниците ќе постават четири импланти на фантом-модел на долна вилица, ќе монтираат мултијунит абатменти и ќе земат отпечатоци со класичната и дигиталната техника. Отпечатоците ќе се лабораториски обработат за изработка на работни модели, што овозможува споредба на точноста, репродуктивноста и практичноста на двете техники.
Заклучок: Работилницата обезбедува целосно практично искуство, од поставување на импланти, преку апликација на абатменти, до финално отпечатоцирање и анализа на моделите. Ова придонесува за подобро разбирање и усвојување на традиционалните и дигиталните методи во имплантопротетската пракса, со цел подобрување на клиничките резултати и безбедноста на пациентите.
##plugins.generic.usageStats.downloads##
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Категории
Дозвола
Авторско право(c) 2025 Filip Tanturovski, Danco Bizevski

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International License.



