Back to basic – принципи за предвидлива ендодонтска терапија

Автори

  • Ристо Панајоту Ендомак дентал Груп (ЕДГ), Клинички оддел за ендодонција и реставративна стоматологија, Гевгелија, Република Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6582

Клучни зборови:

ендодонција, предвидлива терапија, дијагноза, обтурација

Апстракт

Вовед: Ендодонтската терапија претставува еден од најчестите и најзначајни третмани во секојдневната стоматолошка практика. Современиот развој на технологии, материјали и техники често создава впечаток дека успехот зависи главно од опремата, што може да доведе до занемарување на основните биолошки и клинички принципи.

Цел: Целта на ова предавање е да се реафирмираат фундаменталните постулати на квалитетната и предвидлива ендодонтска терапија, почнувајќи од правилната дијагноза до финалната пост-ендодонтска реставрација.

Содржина: Ќе бидат обработени клучните етапи на ендодонтскиот третман: дијагностика, планирање, дизајн на пристапна кавитет, препознавање на коренската и короналната анатомија, механичка и хемиска подготовка на каналниот систем, критериуми за соодветна обтурација и влијанието на реставрацијата врз долгорочниот успех. Ќе се презентираат и клинички случаи со анализа на причини за неуспех и можности за повторен третман.

Заклучок: Предвидливи резултати не се постигнуваат само со современа технологија, туку со правилна дијагноза, почитување на биолошките принципи и систематски пристап кон секој клинички случај.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Ристо Панајоту, Ендомак дентал Груп (ЕДГ), Клинички оддел за ендодонција и реставративна стоматологија, Гевгелија, Република Северна Македонија

Др. спец. Ристо Панајоту е магистер по стоматологија и специјалист по ендодонција и реставративна стоматологија. Своето образование го стекнува на Стоматолошкиот факултет во Пловдив, а од 2009 година е дел од EDG (Endomak Dental Group), каде што е основач на Panajotu Endodontics – клиника специјализирана за микроскопска стоматологија и микроскопска ендодонција. Во 2018 година станува Silver Member на меѓународната група StyleItaliano. Како национален и меѓународен предавач учествувал на бројни конгреси и стручни настани, меѓу кои во Милано, Тирана, Поморие, Солун, Скопје и Атина. Има реализирано повеќе практични курсеви под покровителство на AADE и StyleItaliano Endodontics, со значителен број учесници. Активно е вклучен во научно-истражувачка работа и е докторанд во областа на ендодонцијата.

 

Објавено

2025-11-20

Како да се цитира

Панајоту, Р. (2025). Back to basic – принципи за предвидлива ендодонтска терапија. Македонско медицинско електронско списание, 5(MIT-FDM2025), 23–24. https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6582

Слични трудови

1 2 3 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.