Втора генерација на тромбоцитно збогатен фибрин (A-PRF) – иновативен регенеративен пристап во оралната хирургија и имплантологија
ДОИ:
https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6584Клучни зборови:
PRP, PRF/A-PRF, тромбоцити, фактори на раст, ткивна регенерацијаАпстракт
Вовед: Првата генерација на автологни крвни деривати (PRP) и втората генерација (PRF, A-PRF) претставуваат иновативен пристап кон ткивната регенерација, промовирајќи брзо и безбедно заздравување во оралнохируршки и имплантолошки процедури.
Цел: Целта е да се презентираат разликите помеѓу генерациите, нивните протоколи за подготовка, биолошки механизми и клинички бенефити, со акцент на примена во екстракции, периодонтална хирургија, хирургија на меко и тврдо ткиво и превенција кај ризични пациенти.
Содржина: Ќе се обработат протоколите за добивање на PRP и PRF/A-PRF, механизмите на ослободување на фактори на раст од алфа гранулите на тромбоцитите и нивното влијание врз пролиферација на фибробластите, хемотакса, диференцијација и неоангиогенеза. Клучно е користењето на автологен, сигурен и биокомпатибилен продукт кој ја подобрува ефикасноста и сигурноста на процедурите.
Резултати: Клинички искуства покажуваат намалено крварење, акцелерирано епително заздравување, намалена ткивна инфламација, подобрена регенерација на мекото и тврдото ткиво и промовирана ткивна реваскуларизација.
Заклучок: PRP и PRF/A-PRF се вредни алатки за оралнохируршки и имплантолошки процедури, обезбедувајќи предвидлива и сигурна ткивна регенерација, со широк спектар на клинички примени и биолошки предности.
##plugins.generic.usageStats.downloads##
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Категории
Дозвола
Авторско право(c) 2025 Daniela Veleska-Stevkovska

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International License.


