Нови концепти и можности во модерната фиксна ортодонтска терапија

Автори

  • Стипица Поповски Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6592

Клучни зборови:

фиксна ортодонција, брикети со самолигација, дигитална ортодонција, CAD/CAM, TAD, хибриден третман

Апстракт

Вовед: Фиксните ортодонтски апарати долго време претставуваат основа за ефективна ортодонтска терапија, овозможувајќи прецизна контрола на движењето на забите во сите три димензии. Иако иновативни решенија како денталните алајнери стануваат се попопуларни, последните достигнувања ја трансформираа фиксната терапија во високо индивидуализирана и прецизна опција за третман.

Цел: Предавањето има за цел да ги претстави најновите достигнувања во современата фиксна ортодонција, со акцент на интеграција на технологијата и клиничката ефикасност.

Содржина: Напредокот во дизајнот на брикети, системите со самолигација и термоактивните жици ја зголемуваат биомеханичката ефикасност и комфорот на пациентот. Дигиталните технологии, вклучувајќи 3D скенирање, индивидуални брикети, CAD/CAM индиректно бодирање и AI-планирање на третман, овозможуваат висока прецизност и индивидуализиран пристап. Примената на TAD системи ја проширува можноста за третман на сложени малоклузии без хируршки интервенции. Хибридните стратегии, комбинирајќи фиксни апарати и алајнери, дополнително ја зголемуваат терапевтската флексибилност.

Заклучок: Модерната фиксна ортодонција, зајакната со дигитални иновации и хибридни стратегии, ја оптимизира ефективноста на третманот, го скратува времето на третман и го максимизира задоволството на пациентот.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Стипица Поповски, Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, Северна Македонија

Проф. д-р Стипица Поповски е редовен професор на Факултетот за дентална медицина при МИТ Универзитет, Скопје. Дипломирал на Факултетот за стоматологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1995 година и магистрирал во 2003 година. Во 2006 година успешно ја одбранил докторската дисертација, а во 2020 година се стекнал со звање специјалист по ортодонција. Проф. Поповски има богато клиничко и академско искуство, со работа на Универзитетската клиника за ортодонција во Скопје (1998–2010) и на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (2010–2014). Тој бил претседател на Здружението на ортодонти на Македонија и е коосновач на Академијата за естетска стоматологија во Скопје. Активно организира и учествува на национални и меѓународни работилници, курсеви и конгреси, и е автор на повеќе од 50 научни публикации. Неговите главни професионални интереси се адултна ортодонција, лицева естетика, импактирани заби и естетски ортодонтски третмани.

 

Објавено

2025-11-20

Како да се цитира

Поповски, С. (2025). Нови концепти и можности во модерната фиксна ортодонтска терапија. Македонско медицинско електронско списание, 5(MIT-FDM2025), 43–44. https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6592

Слични трудови

1 2 3 4 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.