Орални преканцерози – чекори во амбулантски услови

Автори

  • Мирјана Поповска Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Скопје, Северна Македонија; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6593

Клучни зборови:

еритроплакија, леукоплакија, орални лезии

Апстракт

Вовед: Еритроплакијата и леукоплакијата се заболувања кои спаѓаат во категоријата орални преканцерози. Еритроплакијата има висок ризик за малигна трансформација, а понекогаш лезиите се поврзани со системски заболувања како Plummer-Vinson синдром, хипопластична анемија или ерозивен лихен планус. Клиничката слика варира од бенигни лезии до лезии со висок малигнен потенцијал.

Цел: Целта на предавањето е да ги презентира чекорите кои терапевтот треба да ги преземе во амбулантски услови за навремена и точна дијагностика на оралните преканцерози.

Содржина: Ќе се дискутираат клиничките манифестации на еритроплакија и леукоплакија, вклучувајќи варијации во боја, големина и форма, како и дијагностички постапки кои треба да се спроведат, при што се нагласува значењето на морфологијата и еволуцијата на лезиите.

Резултати и заклучок: Раното препознавање и правилните дијагностички пристапи овозможуваат навремено идентификување на лезиите со потенцијал за малигна трансформација, минимизирајќи ризик за непредвидлив исход.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Мирјана Поповска, Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, Скопје, Северна Македонија; Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, Северна Македонија

Проф. д-р Мирјана Поповска дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1984 година и се вработила во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар во 1985 година. Во 1989 година била избрана за асистент по Болести на устата и пародонтот, магистрирала во 1991 година, положила специјалистички испит во 1994 година, а докторирала во 2000 година во иста област. Автор е и коавтор на повеќе од 200 трудови во домашни и странски списанија, шест учебници, три практикуми и три стручни книги за студенти и стоматолози. Била продекан за наука (2013–2018) и вршител на должноста декан (мај–октомври 2018). До декември 2023 била редовен професор на Катедрата за Болести на устата и пародонтот и како редовен професор продолжува да работи во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“. Во периодот од  2021-25 година беше член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

 

 

 

Објавено

2025-11-20

Како да се цитира

Поповска, М. (2025). Орални преканцерози – чекори во амбулантски услови. Македонско медицинско електронско списание, 5(MIT-FDM2025), 45–46. https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6593

Најчитани трудови од истиот автор(и)

Слични трудови

1 2 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.