Орален статус кај пациенти во детска возраст дијагностицирани со Sy Gilbert’s и β-таласемија

Автори

  • Оливера Саракинова Факултет за дентална медицина, Европски Универзитет, Скопје, Северна Македонија; Клиника за детска и превентивна стоматологија, Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“, Скопје, Северна Македонија
  • Билјана Богдановска Клиника за Ортодонција, УКЦ „Свети Пантелејмон“ – Скопје, Северна Македонија
  • Јошева Јошева Факултет за дентална медицина, Европски Универзитет, Скопје, Северна Македонија
  • Емилија Костадиновска Факултет за дентална медицина, Европски Универзитет, Скопје, Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6595

Клучни зборови:

Бета таласемија, Жилберов синдром, менаџирање, стоматолошки третман, дете

Апстракт

Вовед:
Бета таласемијата е наследна хемолитичка анемија со различни степени на сериозност, предизвикана од недостаток или отсуство на синтеза на глобински ланец на HbA. Таа претставува значаен јавно-здравствен проблем и животозагрозувачка состојба, што не смее да се игнорира при стоматолошки интервенции. Оралното здравје кај овие деца е често загрижувачко, бидејќи родителите се фокусираат на системската болест и медицинските процедури, додека оралната превенција не е приоритет, што може да ја влоши нивната здравствена состојба. Жилберовиот синдром е генетско нарушување кое се манифестира со неконјугирана хипербилирубинемија без хепатоцелуларна повреда или хемолиза. Оралните манифестации се минимални, а стоматолошките третмани се спроведуваат непречено.

Цел:
Прикажување на клинички случај на пациентка со комбинирана бета таласемија и Жилберов синдром кој побарал орален третман.

Материјал и метод:
Случајот е анализиран од конзервативен и ортодонски аспект.

Резултат:
Изработена е стратегија за правилен и комплетен третман, со внимание на системската состојба на пациентката.

Заклучок:
Пациентите со вакви синдроми бараат индивидуализиран пристап. Педијатриските стоматолози треба да ги познаваат болестите и нивното влијание врз оралното здравје, со тесна соработка со хематолог и други специјалисти.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Оливера Саракинова , Факултет за дентална медицина, Европски Универзитет, Скопје, Северна Македонија; Клиника за детска и превентивна стоматологија, Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“, Скопје, Северна Македонија

Проф. Д-р Оливера Саракинова е редовен професор на Факултетот за дентална медицина при Европскиот Универзитет, Скопје, и работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија при Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“, Скопје. Специјалист е по детска и превентивна стоматологија од 1994 година и ја одбранила докторската дисертација од областа на превентивната стоматологија во 2003 година. Проф. Саракинова е автор на бројни публикации кои опфаќаат различни аспекти на детската стоматологија, објавени во домашни и меѓународни списанија. Активно учествува на голем број национални и меѓународни конгреси и симпозиуми, придонесувајќи за напредокот во детската и превентивната стоматолошка заштита.

 

Објавено

2025-11-20

Како да се цитира

Саракинова , О., Богдановска, Б., Јошева , Ј., & Костадиновска, Е. (2025). Орален статус кај пациенти во детска возраст дијагностицирани со Sy Gilbert’s и β-таласемија. Македонско медицинско електронско списание, 5(MIT-FDM2025), 49–50. https://doi.org/10.3889/mmej.2025.6595

Слични трудови

1 2 3 4 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.