Контроверзии во птеригоидната имплантологија

Автори

  • Марјан Стојановски Стоматолошки центар „Д-р Стојановски“, Скопје, Северна Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6890

Клучни зборови:

птеригоидни импланти, птеригоидна имплантологија, атрофија на максилата, CBCT, кортикално сидрење, примарна стабилност, кантилевер

Апстракт

ВОВЕД: Поставувањето птеригоидни импланти претставува современ терапевтски пристап во менаџирањето на изразена атрофија на постериорната максила. Покрај можноста за постигнување стабилна имплантна потпора во птеригомаксиларниот регион, оваа техника може да претставува помалку инвазивна алтернатива на одредени аугментативни процедури, како што се подигнувањето на подот на максиларниот синус и поставувањето зигоматични импланти. Изборот на терапевтскиот пристап зависи од индивидуалната клиничка состојба, анатомските услови и проценката на терапевтот, при што современото имплантолошко планирање настојува да ја елиминира потребата од кантилевер во постериорната максила.

ЦЕЛ: Целта на предавањето е да се разгледаат клиничките предизвици, анатомските ограничувања и контроверзиите поврзани со планирањето и поставувањето птеригоидни импланти, со посебен осврт на нивната улога во постигнувањето долгорочна стабилност на имплантно-протетичките реконструкции на беззабата максила.

СОДРЖИНА НА ПРЕДАВАЊЕТО: Посебно внимание ќе биде посветено на значењето на CBCT-снимањето како основа за предоперативно планирање на птеригоидниот имплант. Ќе бидат разгледани волуменот на максиларниот тубер, аголот на птеригоидните продолжетоци во однос на алвеоларниот гребен и анатомските карактеристики на медијалниот птеригоиден продолжеток како ориентациски параметри за определување на имплантната траекторија.

Ќе биде презентиран и клиничкиот аспект на поставувањето на таканаречениот „blind“ птеригоиден имплант, при што длабокиот дел од хируршката препарација не е директно визуелизиран. Поради тоа, постапката бара детално познавање на анатомијата, прецизна просторна ориентација и развиено тактилно чувство. Палпаторната идентификација на хамулусот (hamulus pterygoideus) и дисталниот крај на максиларниот тубер претставува дополнителна клиничка ориентација при изведувањето на интервенцијата.

Птеригомаксиларната регија се карактеризира со значајни анатомски варијации, поради што успешното поставување на имплантот бара соодветна обука, клиничко искуство и индивидуализиран пристап. Ќе се дискутираат можностите за постигнување кортикално сидрење во птеригоидниот продолжеток, улогата на геометријата и дизајнот на имплантот, како и факторите што влијаат врз примарната стабилност и осеоинтеграцијата. Посебно ќе се разгледа концептот на птеригоидниот имплант како „rescue“ имплант, односно како значајна терапевтска опција за обезбедување постериорна имплантна потпора и намалување или елиминирање на кантилеверот кај тотално беззаби пациенти..

ЗАКЛУЧОК: Птеригоидната имплантологија претставува важна терапевтска можност во реконструкцијата на атрофичната постериорна максила. Нејзината предвидливост зависи од прецизното радиолошко планирање, познавањето на анатомските варијации, клиничката вештина и правилниот избор на имплантен систем. Птеригоидните импланти имаат значајна улога во постигнувањето стабилна постериорна потпора и долгорочна функционалност на имплантно-протетичките реконструкции.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Марјан Стојановски, Стоматолошки центар „Д-р Стојановски“, Скопје, Северна Македонија

mceclip2.png

Д-р Марјан Стојановски е стоматолог, специјалист по пародонтологија при Факултетот за стоматологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде ја завршил постдипломската обука. Од 2005 година работи како имплантолог, специјализиран во регенерација на коска, терапија на периимплантитис и хирургија на вилица како член на Full Arch Club. Д-р Стојановски е меѓународен тренер и предавач за имплантологија за Schutz Dental Group (DGZI) од 2013 година, NOVODENT, Implantswiss IMPLANCE-AGGRESSOR i PACE, учествувајќи на глобални конгреси, хируршки операции во живо и курсеви на кадавери. Работел на девелопмент на неколку имплант геометрии во последните 4 години. Објавил клинички случаи во World Journal of Implantology и е сопственик на Dental Center D-r Stojanovski во Скопје. Неговата работа и техники се презентираат преку YouTube каналот „Dental Center Stojanovski“, прикажувајќи напредна имплантологија.

Преземања

Објавено

2026-11-26

Како да се цитира

Стојановски, М. (2026). Контроверзии во птеригоидната имплантологија. Македонско медицинско електронско списание, 6(MIT-NPI2026), 19–20. https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6890

Издание

Секција

Стоматологија

Категории

Слични трудови

<< < 1 2 3 4 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.