Употреба на хируршки водилки при поставување птеригоидни дентални импланти
ДОИ:
https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6900Клучни зборови:
птеригоидни импланти, хируршки водилки, водена имплантологија, дигитално планирање, CBCT, хируршка прецизностАпстракт
ВОВЕД: Водената имплантологија претставува современ пристап во имплантопротетичката рехабилитација, кој овозможува попрецизно и попредвидливо поставување на денталните импланти преку дигитално планирање и примена на хируршки водилки. Нејзината примена има особено значење при поставувањето птеригоидни импланти, кои претставуваат терапевтска опција за рехабилитација на атрофичната постериорна максила, во одредени случаи овозможувајќи избегнување дополнителни аугментативни процедури.
ЦЕЛ: Целта на предавањето е да ги прикаже можностите и значењето на примената на хируршките водилки при поставување птеригоидни импланти, со посебен акцент на дигиталното планирање, хируршката прецизност, правилната селекција на пациентите и превенцијата на потенцијалните компликации.
СОДРЖИНА НА ПРЕДАВАЊЕТО: Ќе бидат разгледани анатомските особености на птеригомаксиларниот регион и значењето на деталната предоперативна процена при планирање на птеригоидната имплантација. Посебно внимание ќе биде посветено на дигиталната анализа на конусно-зрачната компјутеризирана томографија (CBCT), нејзината интеграција со интраоралните скенирања и тридимензионалното дефинирање на оптималната позиција, аголот и должината на имплантот. Ќе бидат презентирани принципите на изработка и примена на статички хируршки водилки, нивната улога во прецизното пренесување на виртуелниот план во клинички услови, како и нивните ограничувања. Дополнително, ќе бидат дискутирани факторите што влијаат врз безбедноста на интервенцијата, вклучувајќи ја контролата на хируршката траекторија, заштитата на соседните анатомски структури, постигнувањето примарна стабилност и изборот на соодветен протетски концепт.
ЗАКЛУЧОК: Примената на хируршки водилки, во комбинација со дигиталното планирање и соодветните превентивни протоколи, може да придонесе за поголема прецизност и предвидливост при поставувањето птеригоидни импланти. Сепак, успешноста на третманот зависи од индивидуалните анатомски карактеристики, правилната селекција на пациентите, хируршкото искуство и долгорочното одржување на периимплантните ткива.
##plugins.generic.usageStats.downloads##
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Категории
Дозвола
Авторско право(c) 2026 Vancho Spirov

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International License.


