Од знаење до практика: визијата на МИТ Универзитет - Скопје за клиничка едукација, истражување и соработка

Автори

  • Славица Христоманова-Митковска Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет-Скопје, Скопје, Република Северна Македонија; Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје, РС Македонија https://orcid.org/0000-0002-7770-5055

ДОИ:

https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6902

Клучни зборови:

клиничка едукација, дентална медицина, научноистражувачка дејност, меѓудисциплинарна соработка, клинички случаи, професионален развој

Апстракт

ВОВЕД: Современата стоматологија бара континуирано унапредување на знаењата, примена на научните докази, следење на технолошкиот развој и меѓудисциплинарна соработка. Универзитетите имаат значајна улога во поврзувањето на научните сознанија со клиничката практика, развојот на професионалните компетенции и поттикнувањето на научноистражувачката активност.

ЦЕЛ: Да ја претстави визијата на Универзитетот за унапредување на клиничката едукација, истражувањето и професионалната соработка преку академски, клинички и научноистражувачки иницијативи.

СОДРЖИНА НА ПРЕДАВАЊЕТО: Предавањето ја нагласува улогата на научните и стручните собири како платформи за размена на знаења, критичка дискусија и професионален развој. Посебно внимание се посветува на поврзувањето на теоретската едукација со практичната обука, менторството и развојот на истражувачката култура. Ќе бидат претставени иницијативи за систематско документирање и анализа на клинички случаи, поттикнување на заеднички научноистражувачки и едукативни проекти, како и улогата на Центарот за истражување во денталната медицина како отворена платформа за соработка меѓу клиничари, едукатори и истражувачи.

ЗАКЛУЧОК: Интеграцијата на знаењето, клиничката практика, истражувањето и професионалната соработка претставува основа за одржлив развој на стоматолошката едукација и унапредување на грижата за пациентите. Создавањето отворена академска и клиничка средина овозможува научните сознанија и професионалните иницијативи да се преточат во конкретни активности и долгорочен развој.

##plugins.generic.usageStats.downloads##

##plugins.generic.usageStats.noStats##

Биографија на авторот

Славица Христоманова-Митковска, Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет-Скопје, Скопје, Република Северна Македонија; Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје, РС Македонија

mceclip1-ca741346a0b886d2773cd6ea41bfa46c.png

Доц. д-р Славица Христоманова-Митковска е доктор на медицина, магистер и доктор на медицински науки, со долгогодишно академско, научноистражувачко и професионално искуство во областа на имунологијата, хуманата генетика и медицинските науки. Докторирала на Универзитетот „Георг Август“ во Гетинген, Германија. Во моментов е доцент на Факултетот за дентална медицина при МИТ Универзитет – Скопје, претседател на Центарот за истражување и главен координатор за програмата Erasmus+ на универзитетско ниво. Автор и коавтор е на бројни научни и стручни трудови, книги и преводи. Активно учествува во научното издаваштво како уредник и рецензент на меѓународни научни списанија. Коосновач е на Македонското здружение за научна комуникација (МЗНК) и поранешен генерален секретар на македонското поглавје на Европската асоцијација на научни уредници (EASE). Нејзините професионални интереси опфаќаат научноистражувачка работа, медицинска едукација, научна комуникација и унапредување на квалитетот на научните публикации

Преземања

Објавено

2026-11-26

Како да се цитира

Христоманова-Митковска, С. (2026). Од знаење до практика: визијата на МИТ Универзитет - Скопје за клиничка едукација, истражување и соработка. Македонско медицинско електронско списание, 6(MIT-NPI2026), 7–8. https://doi.org/10.3889/mmej.2026.6902

Издание

Секција

Стоматологија

Категории

Слични трудови

1 2 3 4 5 6 7 > >> 

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.